Камиказа на автопатот Скопје – Велес (фото)

Овој лудак се движел во спротивна насока на автопатот Скопје – Велес, а од полицијата е уловен пред тунелот кај Катланово. Сликата е објавена утрово на групата „Ѕид на сообраќајниот срам“.

Полицијата, особено на оваа делница доста често налетува на вакви случаи.

Ваквите камикази, освен што си ја ставаат сопствената глава во торба, го ставаат во опасност и животот на сите патници кои недолжни можат да настрадаат.

Досега имало повеќе сообраќајки со жртви на македонските автопати поради возење во спротивен правец. Во 1999 година војник на НАТО го уби целото семејство на македонски министер. Војникот беше насилно одземен од македонските органи и испратен во Норвешка каде тамошните органи му досудија 1 година условна казна.

Во секој случај, ваквите личности повеќе не заслужуваат да седнат позади воланот.

Exit mobile version