Во Кичево ќе се тркаат Деспотоски и Дехари. Во трка 4 советнички листи

За престојните локални избори кои ќе се одржат на 24 март, во Кичево и официјално ќе се тркаат Благоја Деспотоски од ВМРО-ДПМНЕ и Фатмир Дехари од ДУИ.

За локалните избори се поднесени четири советнички листи и тоа советничката листа предводена од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, на која носител е Ѓорѓија Сајкоски, потоа ДУИ со носител Ќамил Алиу, како и НДП со Шефки Јашари и ДПА со Хамит Садику.

Благоја Деспотоски е актуелен градоначалник на Кичево и се бори за втор мандат, додека Дехари е актуелен градоначалник од ДУИ во општина Осломеј.