Еден загинат во сообраќајка на патот Кичево – Охрид

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на селото Мешеишта.

Несреќата се случила вчера околу 18 часот кога дошло до судар на две патнички моторни возила, „Форд Мондео“ и „Сузуки Свифт“, при што тешко бил повреден возачот на сузукито, 69-годишен охриѓанец.

Повредениот бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде подоцна им подлегнал на повредите.

Exit mobile version