Кичевчанец прободен со нож на Битпазар

Вчера околу 18.30 часот на Битпазар во Скопје кичевчаните К.Ш. и З.С. биле пресретнати и без никаква причина нападнати од три лица. Во нападот З.С. бил прободен со нож во пределот на грбот по што напаѓачите избегале од местото.

К.Ш. веднаш повикал брза помош по што повредениот бил пренесен во ургентниот центар во Скопје. Неговата состојба до моментов останува непозната. Полицијата излегла на лице место и направила записник. Сеуште се трага по напаѓачите.

Exit mobile version