Кичевчанец тешко се повредил во сопствениот дом

Вчера, околу 21,40 часот, на ул.„Солунска„  во Кичево,  М.А. (64) во сопствениот дом се здобил со повреди во пределот на десната рака од петарда со поголем фитил – јавува во својот билтен МВР.

На иповредениот му била укажана лекарска помош во Медицински центар Кичево, но поради поголемо крварење е пренесен на лекување во Ургентниот центар  во  Скопје. Во тек се мерки за расчистување на случајот.