Кичевчанец заглави поради марихуана

Кичевчанец ќе одговара кривично откако полицијата при личен преглед, кај него пронашла 0,18 грама марихуана измешана со тутун. Како шт информира МВР, 24 годишниот Д.Х. од Кичево на 22 август годинава бил сопрен од полицијата на кичевската улица Партизански одреди.

По претресот полицијата ја одзела наркотичната супстанца и му поднела кривична пријава за неовлстено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Exit mobile version