Кичевчани „добија“ змија заедно со дрвата за огрев

Морбидна случка, но за среќа без последици се случи утрово во Кичево кога дистрибутери на огревно дрво ги истоварале дрвата на семејство кое ги порачало.

Откако почнале да ги истовараат и редат дрвата, од под еден трупец излегла отровна змија. За среќа ја забележале навреме па не успеала никого да касне.

Ова не е прв ваков случај. Се случува речиси секоја година и треба да се внимава бидејќи змиите се доста активни во овој дел од годината, а во дрвата често бараат и храна и засолниште. Неретко се случува да бидат донесени до градот каде претставуваат опасност, особено за помалите дечиња. Затоа, бидете внимателни.

 

Exit mobile version