Кичевчани викендов ги сефтосаа охридските плажи

Продолжениот викенд и претоплото време ги поттикнаа граѓаните на Кичево, барем на ден – два да ги посетат охридските плажи и направат сефте за годинава. Така што деновиве  имавме претстава крај Охридското езеро да се чувствуваме како во родниот град.

-Засега во Охрид нема поголем број на туристи особено не домашни, но затоа наши сограѓани сретнувавме на многу места. Имаме чувство како накратко Кичево да се преселило во Охрид. Но не само викендов туку цело лето сликата ќе биде слична, бидејќи сите што имаат автомобил викендите ќе ги минуваат во Охрид – рекоа група млади од нашиот град кои ги сретнавме на охридското пристаниште.

Зоран Антоски