Листа на кичевчани социјално загрозени лица кои денес добија работа во јавната администрација

На транспарентен начин, со електронско рангирање, во живо на Македонска телевизија 1600 социјално загрозени лица денес добија работа.

Изборот беше направен согласно објавените критериуми и опфаќа четири групи лица и тоа долгорочно невработени со повеќе од 10 години без работа, лица од многудетни семејства, самохрани родители и еднородителски семејства и невработени лица од семејства каде нема ниту еден вработен.Во секоја група има вработувања за лица со ниски квалификации, со средна стручна подготовка и за лица со високо образование.

Компјутерското рангирање беше извршено во рамки на отворена програма на програмата на Македонската телевизија. Изборот е направен од над 20.000 пријавени лица. Избраните ќе бидат првично вработени во ЈП Македонски Шуми, потоа дел од нив ќе останат работа во ова јавно претпријатие, а другите ќе бидат преземени во други институции. Имињата на избраните се читаат во рамки на отворената програма, а можат да се видат и на веб страната на Македонски шуми.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески кој присуствува на рангирањето на овие лица истакна дека проектот за вработување на 1.600 лица е наменет да им помогне на најранливите категории на граѓани, оние кои, како што рече, се најсиромашни и кои вообичаено најтешко доаѓаат до работа.

– Ако се погледне структурата за кои лица се работи, ќе се види дека се работи за лица поделени во четири групи. Тие или се невработени подолго од 10 години, без ниеден вработен во семејството, од многудетни семејства, или самохрани родители, односно од семејство кое еднородителско, рече Ставрески.

Додаде дека целта на Владата била на таквите лица да им се помогне, односно да им се даде шанса во животот, да се вработат да го обликуваат својот живот, да оформат смејство… На таков начин, рече, сакаме да ги извлечеме од кругот на сиромаштијата овие лица на кои тоа им е најпотребно.

Тој истакна дека првпат во 22 години, на ваков начин директен начин им се помага на најранливите граѓани.

– Овојпат се решивме со посебен конкурс наменет за нив  со цел да имаат поголема или најголема шанса да бидат избрани, а не други лица, затоа целата постапка бешпе зачајно иако е сложено да се изведе на транспарентен начин и ние многу внимателно цела постапка ја реализиравме од мај кога беше објавен огласот, рече Ставрески.

Изборот е направен согласно објавените критериуми и опфаќа четири групи лица и тоа долгорочно невработени со повеќе од 10 години без работа, лица од многудетни семејства, самохрани родители и еднородителски семејства и невработени лица од семејства каде нема ниту еден вработен.

За секоја од овие категории се предвидени по 400 вработувања при што во рамките на секоја група има вработувања за лица со ниски квалификации, со средна стручна подготовка и за лица со високо образование. При изборот водена е сметка и за правичната застапеност на етничките заедници. Од избраните, најголем дел, 976 се неквалификувани, со средно или шишо образование и 152 со високо образование.

Изборот беше извршен од компјутерски електронски софтвер кој содржи податоци за апликантите собрани на три начини заради обезбедување транспарентност и правичност на процесот. Првиот вид се податоци кои самите апликанти ги навеле во обрасците што ги имаат доставено до ЈП „Македонски шуми“. Вториот вид се податоци со кои располагаат државните институции (УЈП, ФПИОМ и Агенција за вработување), а кои се обезбедуваат по службена должност и третиот тип се собрани од специјализирани тимови на институциите кои извршиле теренски посети на поедини апликанти за да ја утврдат веродостојноста и точноста на наведените податоци.

На извршувањето на изборот присуствуваа и министерот за информатичко општество и јавна администрација Иво Ивановски и директорот на ЈП Македонски шуми Жарко Караџоски.

Лицата кои нема да бидат избрани од софтверот ќе имаат можност за жалба до Второстепена комисија, како и право да поведат управен спор.

Ова се лицата од Кичево, поделени по категории и стручност кои денес добија работа:

Категорија: Долгорочно невработени лица кои повеќе од 10 години во континуитет се без работа:

(погледни целосно видео од ова извлекување)

1. Зоран Дамјаноски (НКВ)
2. Веле Ристески (НКВ)
3. Никола Митаноски (НКВ)
4. Драган Богески (НКВ)
5. Злате Србиноски (НКВ)
6. Горан Павлески (НКВ)
7. Љуљзим Џафери (НКВ)
8. Рамазан Салиоски (НКВ)
9. Василе Павлески (НКВ)
10. Гордана Ѓорѓеска (НКВ)
11. Реџеп Лимани (НКВ)
12. Цуте Маркоски (НКВ)
13. Младенка Лозаноска (НКВ)
14. Ќаил Мехмедоски (НКВ)
15. Никола Илијоски (НКВ)
16. Рахман Даутоски (ССС)
17. Валентина Маркоска (ССС)
18. Елвис Пашоски (ССС)
19. Сунанија Неџипоски (ССС)
20. Бајрам Салифоски (ССС)
21. Јовче Здравески (ССС)
22. Мирјана Аргилоска (ССС)
23. Братица Цветаноска (ССС)
24. Новко Арсоски (ССС)

Категорија: Невработени лица од семејства каде нема ниеден вработен:

(погледни целосно видео од ова извлекување)

1. Бошко Новачески (НКВ)
2. Младен Илијоски (НКВ)
3. Даме Сиљаноски (НКВ)
4. Фети Алими (НКВ)
5. Џихангар Пашоски (НКВ)
6. Шефик Лимани (НКВ)
7. Реџеп Асани (НКВ)
8. Енвер Ајроски (НКВ)
9. Шпендим Јао (НКВ)
10. Лидија Данилоска (НКВ)
11. Таир Фазлиоски (НКВ)
12. Верица Трајкоска (НКВ)
13. Светлана Данилоска (НКВ)
14. Арслан Зендели (НКВ)
15. Флимур Таировски (НКВ)
16. Садик Сулејмани (НКВ)
17. Назмија Веизоски (НКВ)
18. Газменд Вејсели (НКВ)
19. Мустафа Шемоски (НКВ)
20. Љутви Арифи (НКВ)
21. Горан Арминоски (ССС)
22. Јордан Билески (ССС)
23. Зоран Николоски (ССС)
24. Ади Селими (ССС)
25. Зоран Стојаноски (ССС)
26. Јаворка Гаврилоска (ССС)

Категорија: Лица од многудетни семејства:

(погледни целосно видео од ова извлекување)

1. Ненад Трајчески (НКВ)
2. Димче Сиљаноски (НКВ)
3. Анѓа Димитриеска (ССС)
4. Пепи Арсоски (ССС)
5. Даниела Којческа (ССС)

Категорија: Самохрани родители и еднородителски семејства:

(погледни целосно видео од ова извлекување)

1. Левче Спироски (НКВ)
2. Боро Арсоски (НКВ)
3. Ване Ванчоски (НКВ)
4. Даница Танеска (НКВ)
5. Рефат Хусоски (НКВ)
6. Муса Ислами (НКВ)
7. Руждије Рахмани (НКВ)
8. Сабина Исова (НКВ)
9. Јагода Младеноска (НКВ)
10. Васо Јеремоски (НКВ)
11. Лиридона Ристеми (НКВ)
12. Дарко Стојчески (НКВ)
13. Рушан Јонузи (НКВ)
14. Самија Хусоски (НКВ)
15. Јетон Бајрами (НКВ)
16. Виолета Цокоска Јовеска (ССС)
17. Оливера Митреска (ССС)
18. Јасминка Станоеска Ѓукиќ (ССС)
19. Тања Крстеска (ССС)
20. Милена Стојаноска (ССС)
21. Зоран Темелкоски (ССС)
22. Александар Божиноски (ССС)
23. Неџбудин Рамадани (ВСС)