Кичево последен во Македонија по користење на безбедносен појас

Повикувајќи се на податоци од истражување на РСБСП, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска информираше за процентот на користење на сигурносен појас при возење.

Така во почетокот на септември процентот на возачи во Скопје кои користеле сигурносен појас изнесувал 37 проценти, по спроведената кампања „Почитувај ги правилата-почитувај го животот“, во октомври процентот се покачил на 48. Од останатите градови, предводник е Демир Капија со 68 проценти, додека на дното се наоѓа Кичево со само 3 проценти.

За жал, и покрај сите тешки сообраќајки, тешко ги прифаќаме правилата кои спасуваат живот. Да се поправиме, пред се заради наша и безбедноста на нашите најблиски.

Exit mobile version