ФОТО: Кичево видено низ објективот на Aytaç Kurtuba

Aytaç Kurtuba е уметник кој доаѓа од Турција. Кичево го запознал при неговиот ангажман на реставрацијата на дервишкото Чулу Баба Теќе, османски споменик кој потекнува од 1560 година и беше реставриран благодарение на турската агенција „Тика“.

Нашиот град несомнено ја поттикнал љубопитноста на овој уметник. Богатството на култури, обичаи, разновидна архитектура… толкава разновидност која функционира хармонично и се надополнува на мал простор како Кичево била мотив да ја овековечи преку својот објектив.

Опишувајќи ја неговата средба со Кичево го потенцирал соживотот, топлината на овдешниот народ и чувството дека е помеѓу свои луѓе, дека се чувствува како дома.

Особено интересно кое се насетува во неговите фотографии е како еден човек кој доаѓа од надвор го гледа нашето секојдневие. Да не должиме, погледнете ги неговите фотографии, од кои дел постави на нашата facebook страница.  Aytaç Kurtuba, teşekkür ederim! Повторно да го посетите Кичево!

* Посетете ја неговата страница:

http://aytakurtuba.see.me/onelife2012

http://aytackurtuba.blogspot.com/

Exit mobile version