Кичево ќе добие кино иднава година

На прес конференција на директорот на филмскиот фонд, Дарко Башески, беше најавено дека повеќе следнава година повеќе сали низ државата ќе добијат современи кино проектори. Една од нив е салата на домот на културата во Кичево.

Како што неофицијално дознаваме, се работи за современ кино проектор кој емитува слика во HD резолуција и на кој без проблем можат да се проектираат секакви проекции. Кинопроекторот ќе биде поставен во салата на Центарот за Култура „Кочо Рацин“. Со тоа, по скоро 20 години, кичевчани ќе добијат кино сала во која ќе можат да ги следат најголемите филмски хитови.

Ова е втора фаза од набавката на дигитални кино проектори.  Во првата фаза годинава кино проектори добија кино салите во Куманово, Охрид, Струга, Делчево, Крива Паланка, Неготино, Кочани и Гостивар, а за идната, покрај Кичево, проектори треба да добијат Тетово, Дебар, Велес, Струмица и Прилеп.

Exit mobile version