По 106 години во Кичево ќе се гради црква

По еден век во Кичево ќе биде изградена нова православна црква. Црквата ќе го носи името на словенските просветители “Св. Кирил и Методиј“, а ќе биде лоцирана на крстосницата на патот за Крушино и Магистралниот пат.

– Конечно се надминати сите пречки за почеток на изградбата на црквата Св.„ Кирил и Методиј“. Во текот на овој месец ќе почне изградбата на храмот, а со божја помош и со помош на големиот број верници од градот и државата, за година две ќе го изградиме овој, толку посакуван, храм, рече Тони Петрески,претседател на црковниот одбор.

Инаку камен темелникот за новата црква беше ставен на ден Петровден 2002 година, но поради неразрешени имотно правни односи на дел од плацот, изградбата на истата беше одлаган полни 10 години.

Сега во Кичево има една црква Св.„ Петар и Павле“.

Црквата Свети Петар и Павле во Кичево изградена во 1907 година на темели на постара црква

 Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија

Exit mobile version