Во Кичево ќе се одржи трка по друмски велосипедизам
Во недела, на 12 мај, во Кичево ќе се одржи трка за ранг листа во друмски велосипедизам. Организатор на трката е Велосипедската федерација на Македонија и ВК “Спидбајк” од Кичево.
Патеката за девојки, мастерс и кадети е: Кичево-Македонски Брод- превојот Барбарос-Македонски Брод- Кичево, во должина од 60 км.
Патеката за јуниори и сениори е: Кичево-Македонски Брод-превојот Барбарос-Прилеп-Македонски
Стартот на трката е закажан за во 11,00 часот во Кичево. Броевите ќе се делат од 10.00 до 10.40 на местото на стартот.