Во Кичево се продадени сите урбанизирани парцели

Во текот на 2011 и 2012 година во целата држава се урбанизирани 1.648 локации на државно земјиште за изградба на куќи, како и 535 на приватно земјиште или со нерасчистени имотно-правни односи.

Во тој период, покажува анализата на Министерството за транспорт и врски, се продадени 659 државни парцели за индивидуално домување, како и земјиштето за проектот „Сончев град“, каде се предвидени голем број локации со таква намена.

Најмногу локации за изградба на куќи урбанизирала општина Илинден, 410,  каде се  продадени 126 државни парцели за изградба на индивидуални куќи. Во Кичево се урбанизирани и продадени  43 локации.

Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, има голем напредок во урбанизацијата на локации за куќи, а натамошно стимулирање на процес ќе овозможат новите поволности од владиниот проект „Купи куќа-купи стан“.