Кичево Засекогаш! #2

Почитувани читатели на Kicevo.Mk, ви пренесуваме уште две нови песни од третата книга од Зоран Стојаноски од трилогијата за Кичево, насловена како „Кичево засекогаш!“! 100% Кичевско

Книгата е во печат и се очекува да излезе наскоро!

БОГА МУ ЉУБИМ
(на Томе Павичиќ)

Мора да е благослов од Бога
исполнет да заминеш од овој свет
Томе Усташон ја имаше таа среќа
живееше за ракомет.

Секако има и многу други
сосем блиску до самиот врв
ама Усташон со се што направи
беше единствен и прв.

Најпрво ДИф, после меѓу стативи
голман ко маѓионичар
уште во раните шеесети
прва лига со скопски „Графичар“.

Потоа во гимназија
им всадуваше љубов на младите
имаше шесто чуло, свој рецепт
да направи, пронајде талент.

И така со децении
едно чудо генерации
повеќе другар, помалку строг
современ педагог.

Кај Соколанана тогаш вриеше
од аплаузи и публика
кичевсиот ракомет со „Партизан“
беше име во цела Република.

Многумина не го земаа за озбилно
не беа свесни што имале
кога ракометов стигна до никаде
видоа што загубиле.

* * *

ЖЕ – ТО ПИЕЊЕ НЕМАТ

Тонч, знк, капти – кашти
со џандар се се земат
двоклиска. бишка, натапкана
же – то пиење немат.

Пет клама фес, руковис
ром, табланет, бељот
со џандар пак се се земат
же – то пиење немат.

Со откоп или на ложгана в шлајка
од детство најубава бајка
за печкач ренту или буре немат
што ќе попечкат све земат.

На мали голчиња, мижаница
кај Комитенон крива магарица
за мајстори ѓулбеар немат
со душеш излагат, све земат.

Калач в Кале, мунти кај дечконо
ексизијан, терај го кецот
сери на парите, све ќе ти земат
же – то пиење немат.