Кичевската ликовна колонија спои многу сродни души


Покрај многубројните ремек-дела создадени во изминатите дваесет години, на Интернационалната Кичевска ликовна колонија дружбата во куќата на уметноста на дел од уметниците им овозможи трајно да ги продлабочат своите врски и да ги заокружат со брак.

-Покрај многубројните познатства и долгогодишни пријателства кои низ годините се создадоа на нашата колонија, истата ќе остане единствена и по уште еден куриозитет, бидејќи по престојот во Кнежино уметници од Македонија, Албанија, Бугарија, Србија и Турција својот животен сопатник го пронајдоа токму во Куќата на уметноста во с.Кнежино. Денес дел од нив доаѓаат тука како брачни другари и ни се за навек благодарни за тоа што им се случило во овој  храм на уметноста – потсети Горан Донески, директор на колонијата.

Текст и фото: Зоран Антоски

Exit mobile version