Кичевската „Монца” во вистинско светло овој викенд

Одлична организација , голем број гледачи , адреналин на патеката и во боксовите и бескрајно неизвесни трки, се главните карактеристики на дводневниот авто самит на кичевската „ Монца”. Дванаесет години автодромот во Кичево чекаш вакви трки и конечно ги дочека. Најдобри остварувања имаа најподготвените но и најконцентрираните, кои ги чекаа противничките грешки.

Во првата дивизија Александар Тошиќ супериорно го освои првото место и оствари најдобро вкупно време од 23.09,564 и воедно го извозе и најбрзиот круг со време од 1.06,855.Дејан Чоловиќ беше второпласиран а како
трет низ целта мина Слободан Петошевиќ. Во втората дивизија Виктор Давидовски оствари најдобро време 25.45,328, Душан Настасијевиќ беше втор а како трет заврши Петар Милорадовиќ.

Во третата дивизија на патеката се појавија вкупно16 возачи од кои 13 ја завршија трката. Првото место го освои Александар Георгиески со вкупно време25.48,056 ,второто место му припадна на Горан Андреески, а како трет низ целта мина Димитриј Кимовски. Во оваа дивизија се водеше израмнета борба до самиот финиш, но сепак на крајот Георгиески ги искористи грешките на своите ривали и прв мина низ целта. Успешен организатор на овие трки беше клубот АВЈ Примо од Скопје , а на кој во двата дена се собраа на 8000 гледачи од целата земја.

Текст и фото: Зоран Антоски

Exit mobile version