Кичевската “Монца“ подготвена за големиот авто спектакл викендов

Кичевската патека како нова!

Патеката во кичевската касарна деновиве засилено се подготвува за големиот авто-спектакл што ќе се одржи во деновите сабота и недела. Се прават заштитни појаси, се шиша тревата, се шминка стартно целната рамнина, се пере асфалтот за да не дојде до непланирани излетувања и накратко речено за саботниот натпревар кичевската “Монца” ќе биде подготвена на највисоко рамниште.

Боксовите ги очекуваат гостите

Возачите од 5 балкански земји ќе имаат оптимални услови за натпревар, без притоа да имаат пречки предизвикани од проблемите со патеката.

Портите на кичевската „Монца“ отворени за гостите

Текст и фото: Зоран Антоски