Кичевската “Монца“ подготвена за големиот авто спектакл викендов
Патеката во кичевската касарна деновиве засилено се подготвува за големиот авто-спектакл што ќе се одржи во деновите сабота и недела. Се прават заштитни појаси, се шиша тревата, се шминка стартно целната рамнина, се пере асфалтот за да не дојде до непланирани излетувања и накратко речено за саботниот натпревар кичевската “Монца” ќе биде подготвена на највисоко рамниште.
Возачите од 5 балкански земји ќе имаат оптимални услови за натпревар, без притоа да имаат пречки предизвикани од проблемите со патеката.
Текст и фото: Зоран Антоски