Кичевските училишта сега останаа и без струја

Продолжува голготата на основците во две од трите основни училишта во Кичево. Од вчера е исклучена струјата во основните училишта „Кузман Јосифоски – Питу“ и „Др. Владимир Полежиноски“ во Кичево. Екипи на ЕВН ги исклучиле училиштата поради неплатени долгови.

Општина Кичево како основач на овие училишта, според законот, треба да ги подмири долговите за двете училишта за истите повторно да бидат приклучени во електричната мрежа.

И во двете училишта настава не се одржува веќе 3 недели поради тоа што нема нафта за греење. Општината, во чија надлежност се училиштата, се изјасни дека неможе да набави нафта и побара таа да се добие од државните резерви.

ДОПОЛНЕТО: И ОУ „Санде Штерјоски“ без струја