ФОТО: Кичевско разладување

Кога е жешко, а минативе денови беше доста жешко, мораш да се разладиш. Секој си има свој начин на разладување. На овие дечиња не им пречеа минувачите, па без проблем се разладуваа во коритото на Сушица кај „Пуцко Петрол“.

Порано кичевчани традиционално се разладувале на плажите на Велика река и Темница, ловеле речна пастрмка и ја спремале на оган, кампувале. За жал, овие реки денес се премногу загадени. Но можеби еден ден таа традиција ќе се врати. Дотогаш, ваквите слики ќе претставуваат атракција за сите нас. Барем додека има вода.