Кичевското образование добива нов училишен објект

Со почетокот на новата учебна година во Кичево ќе биде предадена во употреба нова училишна зграда.Новото училиште е подарок на Турската агенција за соработка и координација „ТИКА“. Новоизградениот објект располага со 12 училници и исто толку кабинети и во значителна мера ќе ги подобри условите за следење на наставата на кичевските средношколци.

Градежните работи ги изведе градежната компанија Перпарими од Кичево.
И новиот објект со идентична фасада како постариот, совршено се вклопува во просторот и со својата хармонија го оплеменува просторот.
Текст и фото: Зоран Антоски