Desert Flower од вечерва во кичевското кино

Од вечерва во киното во Центарот за Култура „Кочо Рацин“ – Кичево стартуваат проекциите на филмот Пустински цвет (Desert Folwer).

Филмот е животна приказна за сомалиска девојка која на 13 години е продадена за да се омажи. Успева да избега од Сомалија во САД каде станува супермодел. Подоцна успева да се вработи во Обединетите Нации каде се бори против традицијата на осакатување на жените.

Проекциите се одржуваат во понеделник и среда со почеток во 20.00 часот. Билети во билетарата на Центарот за Култура, два часа пред почетокот на проекцијата. Цена: 50 денари.

Exit mobile version