Kитаноски: Зошто Напредок и Брегалница не играа во неделата

И по три дена во Напредок не можат да ја разберат одлуката на комесарот за натпревари, да го одложи мечот Брегалница:Напредок и наместо во неделата, истиот да се одигра во среда на 6 март во Кочани.

-Воопшто не ја разбирам одлуката на комесарот ,натпреварот Брегалница:Напредок, наместо во неделата да се одигра во среда на градскиот стадион во Штип.Никој не можеше да поверува дека по само три дена теренот во овој град ќе биде подготвен за прволигашки фудбал а видливо беше дека на стадионот во Штип имаше барем половина метар вода и според сите проценки за да се среди овој терен, потребни се барем три седмици.Така што она што беше неминовно се случи и мечот наместо во Штип ќе се одигра во Кочани.Ваквиот расплет мораше да се случи уште во неделата 3 март а не да поминат уште три дена-рече Илија Китаноски,првиот оперативец на кичевскиот прволигаш.

Во овој случај најголем губитник е Напредок, бидејќи во неполни четири дена ќе има два тешки натпревари со Брегалница на гости и Работнички дома и едно долго патување Кичево-Кочани и обратно.

-Не треба да потсетувам колкав товар ќе падне врз грбот на нашите фудбалери за неполни четири дена.За нас оваа пролет секој натпревар е најважен.Во недела го чекаме Работнички ,екипа што е во голем залет , која имаше дури девет дена за одмор, што може во краен случај неповолно да се одрази и на резултатот на неделниот натпревар-додава Китаноски и продолжи- и покрај овие проблеми ние и против Брегалница а потоа и против Работнички, ќе се потрудиме да го дадеме максимумот и покрај заморот од претстојниот дуел во Кочани.Сепак за крај ќе констатирам, мечот во Штип не мораше да се одложува ,а тоа ќе ни овозможеше подолг одмор и порамноправен третман пред првиот домашен натпревар оваа полусезона заврши Китаноски , помалку разочаран од ваквиот развој на настаните.

Зоран Антоски

Извор: http://www.sportefe.com.mk

Exit mobile version