Клуб од Пиринска Македонија бара да биде примен во Фудбалската федерација на Македонија

Фановите на фудбалскиот клуб „Пирин“ од Благоевград испратија молба до Фудбалската федерација на Македонија, нивниот клуб од следната сезона да биде примен во било која Македонска лига. Тоа го сториле откако, како што наведуваат, нивниот клуб цели 20 години бил понижуван од Бугарската фудбалска федерација, а годинава бил понижен на најнизок начин.

Во продолжение нивната објава:

„Молба до Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) Почитувани лидери на македонскиот фудбал, ние сме поддржувачи на ФК Пирин Благоевград. 0Ве повикуваме да го прифатите ФК Пирин да ја започне следната сезона во македонскиот фудбалски шампионат. Без разлика во која фудбалска лига на ФФМ. Во текот на последните 20 години тимот на Пирин во повеќе наврати беше подложен на репресија од страна на Бугарската фудбалска унија (БФУ), Пирин двапати беше исфрлен од Првата лига на Бугарија во 2005 и 2011 година, а оваа сезона со помош на судиите беше понижен на најнизок начин од страна на БФУ. Морал, чест, достоинството, борба и правда се идеалите на Пирин и неговите приврзаници олицетворени од нашиот голем херој Гоце Делчев, а истите беа прегазени на арогантен и бесрамен начин од страна на БФУ (Бугарската фудбалска унија). Официјално ве молиме да го прифатите ФК Пирин Благоевград во ФУДБАЛСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА на Македонија (ФФМ). Од фан-клубот Зелени орли и фан-клубот Пирин СС и од сите навивачи на Пирин“, гласи текстот на приврзаниците на бугарската екипа.

 

Ова не е прв случај фудбалски клуб од соседна земја да бара прием во Македонската фудбалска лига. Пред неколку години, фановите на фудбалскиот клуб Ираклис од соседна Грција се закануваа и побараа излез од грчкото првенство и влез во Македонското првенство.

Навивачи на Ираклис од Грција со македонско знаме
Exit mobile version