Кога љубовта беше поезија

Втората половина од шеесетите и првата од седумдесетите години на минатиот век, се живееше за другарство, за првиот бакнеж, за фармерки „Фиеруџи“ и за првото танго в Кале. Со „Ноќи во бел сатен“, „Мониа“ и „Кога љубовта ќе постане поезија“. И постана навистина. Со „МЕДУЗИ“. Величествените, единствените. Од оваа временска дистанца ја согледуваме нивната големина. Тогаш не бевме свесни. Да гледаш и слушаш пеење во пет гласа и таква гласовна хармонија на најдобрите светски хитови за тоа време, скинати од Топ – листите на „Радио – Луксмбург“ и „Вече уз радио“. Секој вечер премиера. Најнов хит изведен до перфекција. И со најнова гардероба долу на подиумот. Танцови двојки како од бајка. Ги помнат сите од тоа време, низ цела Македонија и со почит зборуваат за нив. Сигурно.
„МЕДУЗИ“ Ви благодариме. Без Вас нашата младост ќе беше многу, многу посиромашна. Со Вас нашата љубов засекогаш остана поезија.

Приредиле: Зоран Стојаноски – Челентано и Марјан Стојаноски.

Exit mobile version