Кои родендени ни го менуваат животот?

svekji rodenden

Родендените секогаш се добро време за сведување на сметките, анализа на постигнатото и поставување на цели за иднината, но некои дефинитивно се издвојуваат од другите. Веројатно ќе помислите дека се работи за јубилејните родендени, но всушност се работи за тие кои доаѓаат порано.

Психолозите од Универзитетот во Калифорнија се обидоа да добијат одговор на прашањето кои родендени навистина се важни, а резултатите покажале дека се работи за тие кои настапуваат една година пред влегувањето во нова деценија, на пример 29, 39, 49…

Деветата година во деценијата се покажала одлучувачка за промени во животот, па така луѓето често се одлучуваат на измами, трчање маратон, промена на изгледот или дури и на самоубиство, бидејќи во човековата природа е да се појде во нова потрага кога се затвора едно поглавје, а се отвора друго.

Имено, триесетиот, четириесетиот и педесетиот роденден звучат поважно од другите и токму тие имаат најголемо влијание на психата на човекот, бидејќи јубилејните родендени се многу моќен мотиватор, велат психолозите. Поради тоа, ако ви се ближи роденден што завршува на 9, подгответе се за малку повеќе размислување од обично.