Кој каде ќе стигне фрла ѓубре

До тој степен кај луѓето е намалена одговорноста за зачувување на човековата околина , ,што буквално нема дел од земјава а тука и Кичево нее исклучок каде не се фрла ѓубре.

Нашиот град и неговата околина  се претворени во глобална депонија , од Крушино , преку реките ,до сите места каде нема фреквенција на луѓе, безмилосно се загадува природата. Токму оваа фотографија зборува сама за себе каква слика за нас носи странецот , кој случјно или намерно дошол во Македонија, кога видел купишта ѓубре  во близина на магистралниот пат, среде Кичево.

Текст и фото: Зоран Антоски
Exit mobile version