Командант Талибани „ќе командува“ во Идризово (видео)

Министерството за внатрешни работи со највисоки безбедносни мерки и со исклучително силно полициско обезбедување, го превзеде 33-годишниот Метин Ислами инаку попознат командант Талибани.

-По завршената постапка за екстрадиција која повеќе од една година се одвиваше со косовските  власти, истиот беше превземен на граничниот премин Блаце и веднаш спроведен во КПД „Идризово“ за издржување на казна затвор која уште во 2008-мата му беше досудена од македонските судови заради сомнение за сторено кривично дело терористичка организација и недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрснувачки материи. Казната затвор е 15 години, пресудена во негово отсуство и истиот веднаш е префрлен во затвор каде се обезбедува под засилени мерки, истакна помошник министерот за односи со јавност во МВР, Иво Котевски.

Ислами беше гонет од страна на македонските влати поради учество и инволвираност во инцидентите кои се случија во тетовско Бродец, по што тој успеа да избега по спроведување на акцијата „Планинска бура“.

Во акцијата во Бродец беа приведени поголем број лица, а дел од лицата кои ја нападнаа македонската полиција во селото ги загубија животите во престрелката, додека осомничениот Ислами заедно со предводникот на групата Лирим Јакупи Нацист кој исто така е приведен на Косово и уште две лица успеаја да избегаат од селото.

Exit mobile version