ЈП Комуналец со новини во работењето

ЈП Комуналец отвори Дежурно-информативниот центар со кој се олеснува комуникацијата помеѓу граѓаните и претпријатието.

Основната дејност на Дежурно-информативниот центар при ЈП Комуналец – Кичево е давање информации на сите заинтересирани странки за евентуалните прекини во водоснабдувањето, интервенции по повици-пријави од странки за настанати дефекти на водоводната и каналска инсталација, координирање и организирање на работата при санирање на дефектите вон редовното работно време, како и санирање на дефекти од помал обем и интервентно затварање на затварачи, како би се спречиле евентуални штети и хаварии од поголеми размери и отпушување на сливниците при обилни врнежи на дожд.

Дежурно-информативниот центар ќе работи непрекинато 24 часа, при што контактите на граѓаните дежурна служба на претпријатието ќе се остваруваат преку телефон: (045) 223 555, и e-mail адресата: infokomunaleckicevo@gmail.com

Информативната канцеларија се наоѓа на ул. „Маршал Тито“ б.б во просториите на Инспекторатот на Општина Кичево (Стара Слобода) каде граѓаните секој работен ден од 07:00 до 22:00 часот можат да ги добијат потребните информации .

Дежурно-информативниот центар ги извршува следните задачи:

• Соработува и се координира со сите сектори и работни единици на ЈП
• Планира организира и раководи со работењето на центарот
• Ги следи и проучува сите законски акти
• Дава информации на сите заинтересирани странки за евентуални прекини во водоснабдувањето и информации од јавен карактер поврзани со работењето на претпријатието, собирање смет , пазарни услуги и др.
• Организира интервенции по повици – пријави од странки за настанати дефекти на водоводната и канализационата мрежа
• Контактира и дава информации за Центарот за известување и тревожење
• Ја контролира книгата за пријави од граѓаните на диви приклучоци на водоводна и нанализациона мрежа
• Ја контролира книгата на пријавување на мито и корупција на вработените во ЈП
• Изготвување на налози и други документи за наплата на извршената услуга и истата ја доставува до Економско комерцијален сектор