ФОТО: ЈП Комуналец работи на санација на хаваријата на градскиот водовод

Утрово настана голема хаварија на водоводната мрежа во Кичево. Како што информираат од ЈП Комуналец, дефектот настанал при извршување на градежни работи на фирмата Еуро Проект Скопје кои правеле приклучок на улицата Борис Кидрич, по што бил оштетен главниот цевковод. Оваа фирма е добитник на тендерот за изградба на водоводна мрежа.

По ова екипи на ЈП Комуналец излегле на терен за санација на хаваријата. Отстранувањето на дефектот сеуште трае. Информираат дека состојбата со водоснабдувањето ќе биде доведена во нормала во најскоро време. Се извинуваат на граѓаните и апелираат за разбирање за прекнот на водоснабдувањето кој не е настанат по нивна вина.

Exit mobile version