Кичевски„ Комуналец“ сукцесор на комуналните претпријатија од поранешните општини
Од 01.07.2013 година, комуналните претпријатија од поранешните општини Зајас, Осломеј, Другово и Вранештица, се припојуваат кон ЈП„Комуналец” Кичево. Со оваа одлука од почетокот на наредниот месец, во реорганизираната Општина Кичево ќе продолжи да функционира само едно јавно претпријатие од оваа област.
– Комуналните претпријатија Бисер – Вранештица, Хигиена – Другово, Хиѓиена – Осломеј, Пастертија – Зајас и Естетика 2002-Зајас од 01.07.2013 година се припојуваат кон ЈКП„ Комуналец” Кичево и во иднина во овој регион ќе функционира само еден правен субјект од оваа свера. Со овој чин ЈКП„ Комуналец” ги превзема работниците од згаснатите претпријатија, долгувањата и побарувањата кои ги имаат стекнато во текот на нивното работење.
Така што ЈКП Комуналец Кичево ќе биде сукцесор на претпријатијата кои и официјално се гасат по завршетокот на овој месец – рече Рамиз Реџепи, секретар на општина Кичево.
Зоран Антоски