„Рок класика“ – концерт на гудачкиот квартет „Вива Стрингс“ во Кичево

Во големата сала од Центарот за култура во Кичево, синоќа концерт одржа гудачкиот квартет Вива Стрингс, насловен „Рок класика“. Концертот се состоеше од изведба на познати нумери на најпознатите пејачи и групи од светот од седумдесетите и осумдесетите години, како АБА, Мајкл Џексон, Ерик Клептон, Квин, Стинг и други.

Стотината присутни со големо внимание го проследија овој концерт, кој како што самите признаа, дека вечерва имаат ретка можност да присуствуват на ваков вид музички настан.

Читај повеќе

Exit mobile version