Успешно реализиран хуманитарниот концерт за обнова на црквата Св. Атанасиј во Премка

Во саботата во Центарот за култура „Кочо Рацин“-Кичево успешно се одржа хуманитарниот концерт за собирање на средства за реконструкција на црквата „Свети Атанасиј“ во село Премка. Организатор беше Алексо Тришоски кој со своето семејство активно учествуваше во организацијата и концертниот дел.

Учесници на настанот беа Алексо Тришоски со своите деца Христијан, Александар и Александра, Војо Стојаноски, Биљан Стојаноски, Бранислав Стојаноски, Спасен Силјаноски, Радован Миладиноски, како и КУД „Букојчани“, КУД „Младост“, КУД „Рацин“ и КУД „Бисер“. Со историски осврт за село Премка настапи новинарот Зоран Јованоски кој и самиот потекнува од тоа село.

Посебен емотивен момент на концертот остави настапот на Тришоски кој со своите три деца ја исполнија песната „Ах туѓино“.

Организаторот Алексо Тришоски им се заблагодарува на сите гости и учесници на хуманитарниот концерт кои со тоа придонесоа да се соберат доволно средства за обнова на старата црква Свети Атанасиј во село Премка.

Exit mobile version