АД„ Тајмиште“ најповолен понудувач за рудниците Тајмиште и Стогово

Кичевската компанија АД„ Тајмиште“ е најповолниот понудувач, на јавниот повик објавен на 26 октомври за рудниците Тајмиште и Стогово.

За разлика од претходниот јавен повик, кога се бараше и изградба на топилница, овојпат најдобриот понудувач има обврска единствено да ги рестартира рудниците и да врши експлоатација на руда во следите три децении. Наскоро се очекува АД„ Тајмиште“ да ги потпише концесиските договори за двата рудника, во кои се очекува да најдат вработување околу 600 работници. Инаку оваа компанија вршеше експлоатација на железна руда во Тајмиште до 1989 година, кога престана со работа најголемиот рудник за железо во Македонија.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија