Во тек е конкурсот „Филантропија за зелени идеи“ за локални бизниси

Филантропија за зелени идеи* е годишен конкурс кој поддржува  развој на мали, локални одржливи бизнис идеи во Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија.
*Терминот „зелени идеи“ означува идеи кои придонесуваат кон животната средина, кои користат ресурси од локалната заедница и кои придонесуваат кон одржлив развој (интеграција на локалните, економските, социјалните и еколошките потреби и приоритети на заедниците).

АРНО, во соработка со Фондот на Браќата Рокфелер (Rockefeller’s Brothers Fund) од САД, распишува конкурс за избор на идеи/проекти за зелени претриемнички/бизнис идеи кои промовираат традиционална изработка на производи, поддршка на локални мали бизниси, кои користат ресурси од локалната заедница и кои потикнуваат иновативни идеи за развој на животната средина.

Повикот за доставување на зелени идеи е отворен до 20 јуни. Формуларот за аплицирање со Вашиот зелен проект/идеја може да го најдете во делот АПЛИKАЦИЈА.

Пред да пристапите кон негово пополнување разгледајте го детално  документот упатство.

КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО:

  • Проектот/идејата е во рана фаза на развој
  • Проектот/идејата користи знаење од луѓето во локалната заедница, нивните традиционални вештини и цели кон вработување на луѓе од заедницата, и користи локални.
  • Има детален план или визија за одржливост на животната средина
  • Има план или идеја за постепен развој на бизнисот и економска оправданост
  • Го има проценето локалниот пазар – ги познава конкуретните и компаративните предности
  • Идејата го поддржува процесот на ревитализација на традиционалните локални бизниси и поврзувањето на луѓето со заедницатa
  • Идејата е иновативна и уникатна во споредба со другите бизниси и проекти во заедницата
  • Идејата нема добиено парична поддршка од владините институции на локално и централнo ниво или од меѓународни донаторски агенции, фондации и приватни донатори
  • Дополнително, се поттикнуваат апликантите да поднесат зелени идеи/проекти кои ќе дадат придонес кон развојот на локалната економија, кои ќе имаат долгорочно општествено влијание и ќе предложат користење на чиста енергија во нивниот предложен процес/технологија на изработка/производтво.
  • На конкурсот можат да учествуваат индивидуалци, социјални претприемачи, граѓански организации и мали приватни компании (со годишен обрт не поголем од 10.000 евра).
  • На конкурсот не можат да учествуваат индивидуалци и/или организации кои се членови на семејствата и/или блиски роднини на вработените во АРНО; индивидуалци или организации кои се дел од националното жири и/или нивни роднини; јавни претпријатија.

ПРОЦЕС НА СЕЛЕКЦИЈА:

Фаза 1) Национално жири составено од експерти од областа на зелена економија, бизнис секторот и граѓанскиот сектор ќе изврши бодување на сите пристигнати зелени бизнис идеи врз основа на горенаведените критериуми.

Фаза 2) Најдобрите десет идеи (согласно бодувањето на  националното жири), ќе бидат повикани да ги презентираат своите идеи на посебно закажан настан во Скопје (5-ти јули, датумот допoлнително ќе биде потврден!). На овој настан десетте преставници треба да ја презентираат својата идеја пред жирито, кое  ќе избере три национални победници.

Напомена:
Задолжително за селектираните десет избрани идеи е присуството на настанот во Скопје, и секако, присуството на „Форумот за развој на филантропија во Западен Балкан“ (18-21ви јули, Македонија) доколку бидат селектирани како национални победници.

Формат и јазик: Презентацијата на идејата на проектот треба да биде во согласност со критериумите дадени во повикот, со приложен детален буџет. Буџетот треба да биде претставен во форма на бизнис план, каде што ќе бидат наведени сите трошоци за кои се бара покривање од страна на Наградата за зелени идеи, како и изворите на ко-финансирање, доколку постојат. Јазикот за претставување на идејата на проектот за десетте селектирани идеи е македонски.

Фаза 3) Тројцата национални победници ќе бидат претставници од Република Македонија на „Форумот за развој на филантропија во Западен Балкан“ кој ќе се одржи 18-21 јули во Македоија.Избраните проекти ќе треба да се презентираат од страна на претставниците/ доставувачите на проектите за време на Форумот. Избраните 3 национални претставници од тимот на АРНО ќе добијат насоки и поддршка во однос на подготовката за презентација на нивните идеи на Форумот. Сите трошоци за учество на избраните претставници на форумот (пат и сместување) ќе бидат покриени од страна на  АРНО и Фондот на Браќата Рокфлер. На Форумот ќе се изберат 3 најдобри проекти  од регионот на Западен Балкан кои ќе добијат по 10.000 УСД за поддршка на имплементацијата на зелената идеја.

И оваа година во Македонија, Асоцијацијата за Менаџмент консалтинг МКА 2000 ќе обезбеди награда за 3-цата национални победници: секој од нив ќе добие менторска поддршка во вид на ваучери за користење на сертифицирани консултантски услуги.

Официјалната веб страница на конкурсот е http://www.philanthropyforgreenideas.org/. Ве охрабруваме да ја посетите и да се запознаете детално со идејата и концептот, како и со минатогодишните конкурси и победниците. Повеќе информации за минатогодишните избори можете да добиете и од објавите на медиумите пребарувајќи ја фразата „Зелени бизнис идеи“ .

За прашања и повеќе информации посетете ја страницата www.arno.org.mk или обратете се на телефонот  077 855 832,  или на e-mail адресата arno.mkd@gmail.com.

Exit mobile version