Косово ќе ја тужи Македонија

Косовската Влада ја тужи Македонија за нарушување на конкуренцијата во авиосообраќајот пред Европската комисија и бара земјава да запре со субвенционирање на авиобилети, објави приштинската телевизија KTV.

Официјални претставници на косовската Служба за цивилна авијација изјавиле дека очекуваат набрзо ваквата жалба да добие позитивна разврска.

Потегот на официјална Приштина беше откриен на дебата организирана од Центарот за стратешки и социолошки истражувањата СТРАС, на која се разговараше за предностите за издавање под концесија на приштинскиот меѓународен аеродром „Адем Јашари“, пренесе Plusinfo.

Од македонските власти засега нема информација дали биле известени за ваквиот потег на официјална Приштина и дали претходно имале поплаки од соседите за нарушување на конкурентноста.

Exit mobile version