ФОТО: Началникот на Генералштабот на АРМ во посета на кичевската касарна
Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески го посети гарнизонот во Кичево, како дел од планот за обиколка на гарнизоните на АРМ.
Со обиколката на касарната „Чеде Филиповски-Даме“ и складот Челопеци беа согледани нивните капацитети, функционалноста и условите за живот и работа во нив, каде е констатирано дека припадниците на АРМ имаат услови за нормално извршување на задачите, соопшти ГШ на АРМ.
Во рамки на посетата, припадниците на АРМ беа информирани за извршувањето на задачите, наредните планови и актуелната состојба во АРМ.