Кражба во цркви во село Прострање

На  25.06.2018 година во 18,00 часот во Полициска станица Кичево, Ј.П.(66) од Кичево пријавил дека во период од пред две недели, во село Прострање, кичевско, непознат сторител извршил тешка кражба во црквата  „Света Петка“, при што откако влегол во црквата, со подесен предмет делувал на катанецот од металната  каса и одзел околу 1.500 денари.

Исто така, во период од 23 до 25.06.2018 година во село Прострање, непознат сторител го пронашол клучот од влезната врата во црквата „Св. Никола“, по што влегол внатре и  откако не пронашол ништо, заминал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на настаните.

Извор: МВР

Exit mobile version