Кичевчанец и Броѓанец заработија кривични поради обљуба на немоќно лице

Полициската станица во Македонски Брод до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против Е.М.(58) од Кичево и З.О.(49) од Македонски Брод, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „обљуба врз немоќно лице”. Истражен судија на  пријавените им изрече 30 дневен притвор.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека првоосомничениот, прв братучед на оштетената С.Ѓ.(35), ја искористувал  сексуално во повеќе наврати во изминативе години искористувајќи ја тешката ментална и психичка состојба во која се наоѓа оштетената со уцени, закани и притисоци дека ќе ја избрка од нејзината куќа. Второосомничениот, нејзин комшија, исто така, знаејќи  ја тешката ментална и психичка состојба на оштетената, постојано ја злоставувал сексуално.