Кривична пријава за фалсификување и лажен договор

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.М. (34) село Долна Бањица и Г.М. (44) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,фалсификување исправа” и ,,употреба на исправа со невистинита содржина”, против Б.З. (38) од село Лисичани, општина Пласница поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,помагање” во врска со ,,употреба на исправа со невистинита содржина” и ,,измама при добивање кредит или друга погодност”, против Д.Ј. (34) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,помагање” во врска со ,,употреба на исправа со невистинита содржина”, против Д.Ѓ. (53) од село Беловиште, гостиварско и  П.М. (35) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,фалсификување исправа” и ,,помагање” во врска со ,,употреба на исправа со невистинита содржина”.  

Во периодот од април 2016 до јуни 2016 година, А.М. и Г.М., полициски службеник, изготвиле три лажни договори за купопродажба на мотоцикл „MBK YP 125R”, помеѓу лице од Швајцарија како продавач и третопријавениот  Б.З. како купувач, потоа помеѓу Б.З. како продавач и Д.Ѓ. како купувач и помеѓу Д.Ѓ. како продавач и Д.Ј. како купувач. Потоа, на 04.06.2016 година во царинска управа Тетово, при управна постапка, го употребиле лажниот договор помеѓу Д.Ѓ. како продавач и Д.Ј. како купувач, а потоа на 16.06.2016 година А.М., во име на Б.З., лажниот договор помеѓу лице од Швајцарија како продавач и Б.З. како купувач, заедно со потврдата за престој во странство од Г.М., ги приложил во Бирото за метрологија при Министерството за Економија-Скопје, со цел да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возила.

На 21.062016 година во Одделението за управни работи Гостивар ги употребиле трите лажни договори. кои претходно биле заверени на нотар.  Третопријавениот Б.З,, во текот на јуни 2016 година, на прво и второпријавениот им дал на располагање потврда за пријавен престој во Република Австрија, издадена од Отсек за управни работи Кичево, за да ја употребат во постапка во Бирото за метрологија при Министерството за Економија-Скопје, односно за регистрација на наведеното возило.  Четвртопријавениот на 04.06.2016 година во царинска управа Тетово, при управна постапка, ги поднел лажните договори, кои претходнои ги изготвиле прво и второпријавениот. Петтопријавениот на 13.06.2016 година, договорот помеѓу лице од Швајцарија како продавач и третопријавениот како купувач и договрот помеѓу третопријавениот како продавач и петтопријавениот како купувач, ги однел на заверка кај нотар во Гостивар. Шестопријавениот, на 03.06.2016 година, договорот помеѓу петтопријавениот како продавач и четвртопријавениот како купувач, го однел на заверка кај нотар во Гостивар. По ова, на 21.06.2016 година, првопријавениот, наведениот мотоцикл му го продал на А.Ш. од Гостивар, за што со истиот склучил договор за купопродажба со четвртопријавениот.