Црногорците Кркелиќ и Раичевиќ нови фудбалери на Напредок

Кичевскиот прволигаш во самиот финиш од подготовките, доведе двајца фудбалери од Црна Гора. Се работи за напаѓачот Ѓорѓе Кркелиќ и играчот од средината на теренот Марко Раичевиќ.

Тие во Напредок доаѓаат од екипата на Рудар Плевље.Со овие аквизиции Напредок во фото финишот го комплетира играчкиот состав, бидејќи на овие позиции беа неопходни играчки засилувања , пред се во нападот каде  сино- белите покажаа доста слабости во пролетниот дел од сезоната.

Зоран Антоски