КУД „Младост“ Кичево го одржа традиционалниот полугодишен концерт

Вчеравечер во големата сала од ЦК„ Кочо Рацин” -Кичево, својот  традиционален полугодишен концерт  го одржа КУД Младост Кичево. Ечеа сводовите од големата сала од преубавите македонски песни и ора, кои беа изведени од страна на фолклористите на  ова друштво.

КУД Младост се претстави со четирите категории игроорци и по традиција беа застапени игри од сите делови на Македонија. Презадоволните гости со овации ги испратија играорците на Младост и им посакаа уште безброј пати вака да ги расположат и да им ја презентираат сета убавина на македонската песна и игра.

Зоран Антоски

Exit mobile version