КУД Младост и КУД Нико Пусоски на фестивал во Добој БиХ

КУД Младост и КУД Нико Пусоски од Кичево, од 27 до 30 овој месец ќе учествуваат на Меѓународен фолклорен фестивал во Добој – БиХ.

– За прв пат две културно уметнички друштва од нашиот град, заедно ќе учествуваат на еден Меѓународен фолклорен фестивал во странство. Фестивалот ќе трае 3 дена и тоа од 27 до 30 јуни, а ние ќе настапиме на три сцени во овој босански град. Покрај двете друштва од нашиот град на овој фестивал ќе учествуваат и фолклористи од Србија, Хрватска, Унгарија и Црна Гора и четири локални друштва- информира Зоран Јовески, претседателот на КУД Младост.

Зоран Антоски

Exit mobile version