КУД „Младост “Кичево на фестивалот „Витоша пее и игра“ во Софија

Во периодот од 20 до 22 септември КУД„ Младост “од Кичево ќе учествува на Меѓународниот фолклорен фестивал, на кој домаќин ќе биде софиската општина Витоша ,која по 16-ти пат го организира овој престижен фестивал.
-По вторпат нашето друштво ќе учествува на Меѓународниот фолклорен фестивал „Витоша пее и игра“ кој по 16-ти пат се одржува во Бугарската престолнина.Покрај нашето друштво како единствен претставник од Македонија, на фестивалот ќе настапат и друштва од Грција, Турција, БиХ, Србија и две од Бугарија. Во нашата програма ќе бидат застапени повеќе ора и сплетови од Комитското, Беломорски Бисер до Ѓурѓовден и други.Ние на фестивалот ќе настапиме во трите вечери на централната сцена во Витоша – информира Зоран Јовески, претседател на друштвото,кој не потсети дека кметот(градоначалникот) на Општина Витоша Стојко Дуков, по потекло е од кичевското село Цер и каде планира да претстојува  наредното лето.
Зоран Антоски
Exit mobile version