Курир за Деспотоски: Кандидатот за градоначалник кој сака да ги обедини кичевчани

Благоја Деспотоски-Ташко е роден 21.07.1958 год. во Кичево, пишува информативниот сајт Курир. ВМРО-ДПМНЕ застана зад неговата кандидатура за претстојните локални избори.

Деспотовски е познат како голем патриот чија заложба е да ги обедини жителите на Кичево.

Тој основно училиште завршил во „Кузман Јосифоски-Питу“ во Кичево, средно во гимназијата Мирко Милески во Кичево, а со високо образование се стекнал на електро-техничкиот факултет во Скопје отсек електро-стопанство.

Во младоста активно се занимавал со кошарка тренирал во К.К. Кичево и со фудбал тренирал во Ф.К. Чифлик. Од 1985-1987 год. работи во Електро-дистрибуција Кичево на позицијата раководител на инвестиции и развој. Под негово раководство изградена е хидроцентрала на Беличка река во селото Белица. Од 1987-1989 год. е раководител на истата организација.

Од 1989-1999 год. работи во Управата за заштита од пожари и експлозии. Во истиот период е претседател на Противпожарен сојуз Кичево. Во периодот од 1999-2002 год. е генерален директор на РЕК Осломеј. Во овој период под негово раководство се отвара јагленокопот Осломеј-запад при што се продолжува работата на овој важен комбинат за Кичево до 2015 година.

Во 2009 година стапува на функцијата Градоначалник на општина Кичево. На 24-ти март уште еднаш ќе ја побара довербата.

Извор: Курир

Exit mobile version