ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ бара директор

Основното училиште „Кузман Јосифоски – Питу“ од Кичево вчера распиша оглас за избор на директор. Кандидати покрај општите услови предвидени во ЗРО, треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:

1. Да има завршено високо образование VI1/1 степен,

2. Да има положен испит за директор

3. Да има најмалку 5 години работно искуство во воспитно-образовна установа верифицирана од МОН;

4. Да е државјанин на РМ

5. Да не е осудуван за кривични дела, кои го прават недостоен за вршење на воспитно-образовната работа

Кандидатите кои ќе се пријават на огласот, треба да ги достават следните документи:

♦ Пријава по огласот

♦ Диплома за завршено високо образование VII/1 степен,

♦ Потврда за работно искуство во струката

♦ Уверение за државјанство на РМ

♦ Потврда дека против кандидадтот не е покренат обвинителен акт

♦ Програма за развој на училиштето во наредниот 4 (четири) годишен период

Огласот трае 8 (осум) дена од денот на неговото објавување, а изборот ќе се изврши во законски предвидениот рок.

Баранете документи да се достават на адреса: ООУ „Кузман Јосифоски-Питу,, Кичево, улица 4-ти јули 66 во Кичево, или лично во училиштето.