Највисоката кула од лего коцки во Прага

Верувале или не, оваа кула која е висока 32,5 метри е изградена од лего коцки. Се наоѓа во Прага, Чешка Република и претставува највисока ваква кула во светот.

Градбата од половина милион лего коцки е со тежина од околу 1,5 тони и за нејзиното создавање се заслужни околу 10.000 – 11.000 деца.

Компанијата „Лего“ е основана во 1932 година од Оле Кирк Христиансен и нивните производи се продаваат во повеќе од 130 земји во светот.

Exit mobile version