„Леопардите“ од Авганистан се враќаат дома

Свечена церемонија денеска ќе се одржи во касарната „Чеде Филипоски -Даме“ во Кичево по повод враќањето на контингентот на АРМ од составот на Првата механизирана пешадиска бригада што учествуваше во мировната мисија ИСАФ во Авганистан.

„Леопардите“ од Првата механизирана пешадиска бригада  во изминатите шест месеци беа задолжени за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул.

За досегашното беспрекорно и професионално извршување на задачите, покажаната компатибилност и интероперативност со силите на Алијансата во мисијата ИСАФ, припадниците на АРМ од командата на ИСАФ и од високите командни структури на Алијансата, добиваат највисоки оценки, заради што уживаат висок рејтинг.

Exit mobile version